Минатата недела руската армија на јужната рута Донец ги одби сите напади на силите на Киев и во таа прилика ликвидираше над 600 украински војници и уништи три оклопни возила, како и 14 артилериски системи, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Украинската армија во изминатите седум дена загуби повеќе од 1.500 војници на рутата Купјан. Одбиени се вкупно 27 напади на украинската армија, а покрај персоналот, Киев загуби и еден тенк „леопард 1“, 12 автомобили и три парчиња артилерија. Kaj Запорожје, руските сили одбиле осум украински напади, а загубите на украинската армија изнесувале 335 војници. Во изминатите седум дена руската армија одби вкупно 49 напади на украинските сили во правец на Доњецк, а вкупните загуби на Киев изнесуваат 1.580 војници, два тенкови и 16 оклопни возила“, се вели во соопштението.