Русија го затвори финскиот конзулат и протера девет дипломати од таа земја

Од:

Русија објави дека го затвора конзулатот на Финска во Санкт Петербург и протера девет фински дипломати откако оваа нордиска земја протера еднаков број руски дипломати од Хелсинки. Девет вработени во финската амбасада во Русија и конзулатот во Санкт Петербург се прогласени за персона нон грата“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Министерството додаде дека договорот што ја овозможи работата на финскиот конзулат во Санкт Петербург ќе биде откажан на 1 октомври. За овие мерки бил известен финскиот амбасадор Анти Хелантера, кој бил поканет во Министерството за надворешни работи во Москва. Тој доби „остар протест“ поради „конфронтирачката и антируска политика“ на финските власти, која, како што тврди руската дипломатија, има за цел „да ги уништи децениските заемно корисни руско-фински односи“.

Финските власти на 6 јуни објавија дека протеруваат девет руски дипломати од Хелсинки, обвинувајќи ги дека работат за руските разузнавачки служби. Односите меѓу двете соседни земји значително се влошија по руската инвазија на Украина. Поради оваа агресија, Финска ја напушти својата долгогодишна политика на воена неутралност и официјално стана членка на НАТО алијансата во април.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море