Русија го нападна Киев, бомбардиран и југот на Украина

Од:

Русија изврши ракетен напад врз главниот град на Украина, Киев и блискиот регион, а со беспилотни летала ги нападна источниот и јужниот дел на земјата, соопштија украинските власти.

Шефот на воената управа на градот Киев, Серхи Попко, изјави дека била лансирана руска балистичка ракета кон главниот град.

„По долга пауза од 52 дена, непријателот продолжи со ракетните напади врз Киев. Ракетата не успеа да стигне до Киев, противвоздушната одбрана ја собори додека се приближуваше до главниот град“ рече Попко.

тој нагласи рече дека во главниот град нема жртви или поголеми штети.

Руслан Кравченко, регионален гувернер на централниот регион на Киев пак рече дека се оштетени пет приватни куќи и неколку трговски објекти во областа.

Украинската воздушна одбрана соопшти дека соборила 19 беспилотни летала Шахед од иранско производство во ноќен напад врз јужниот регион на земјата, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

Олех Кипер, регионалниот гувернер на Одеса, рече дека јужниот регион бил нападнат со проектили и беспилотни летала. Во нападите се ранети три лица, а оштетени се објектите на пристанишната инфраструктура, рече тој без да наведе дополнителни детали.

Русија го засили бомбардирањето на украинските пристаништа, вклучително и Одеса, и житната инфраструктура од јули кога Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито, договор за време на војна што му овозможи на украинскиот извоз да стигне до многу земји кои се соочуваат со закана од глад.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања