Русија ги запре посвојувањата на деца во Шведска поради хомосексуални бракови

Од:

Русија ги запре сите посвојувања на деца во Шведска со оглед на тоа дека во оваа нордиска земја се дозволени истополови бракови, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Еден нов руски закон не дозволува посвојување на деца во сите земји кои преку директни договори со Русија не гарантираат дека руски деца нема да бидат посвоени кај хомосексуалци.

Русија сака да потпише таков договор со Шведска а за денеска е најавен почеток на преговорите. Поради одлуката на руската Влада многумина руски деца кои требало да добијат шведски родители сега ќе бидат принудени да останат во домови за деца без родители.

Во интервју за Шведската телевизија хомосексуалците остро ги нападна Виталиј Миланов, член на партијата на рускиот претседател Владимир Путин.

– Тие се перверзни типови. Деца што растат во такви средини се психички уништени. Не, на такви семејства апсолутно не треба да им се дозволат посвојувања, вели Миланов. На прашањето дали е подобро децата без родители да останат во домови за сираци, Миланов одговоара без двоумење: „Да, секако“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија