Русија ги разгледува барањата на Ирак за испорака на воена опрема

Од:

Русија ги разгледува барањата на Ирак за нова испорака на воена опрема за своите вооружени сили, изјави денеска заменик директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Алексеј Фролкин.

– Барањата на Ирак, кои се во интерес на националните вооружени сили, се во фаза на разгледување, истакна Фролкин за време на изложбата IDEX-2017 во Обединетите Арапски Емирати.

Тој нагласи дека руско-ирачката воено техничка соработка „се развива многу ефикасно“. Минатото лето Русија му испорачала на Ирак нова серија на воени хеликоптери Ми-28НЕ.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми