Русија ги повика курдските милиции да се приклучат на сириските владини сили

Од:

Русија, главниот воен поддржувач на сириската Влада на претседателот Башар ал-Асад, денеска ги повика курдските милитанти да се приклучат кон сириската државна војска, јави ДПА.

-Колку побрзо, толку подобро, рече заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.

Тој кажа дека Русија е во контакт со „сите страни“ во напорите да го обезбеди мирот врз основа на „ респект кон сириската сувереност“

Курдските милиции, кои се спротивставија на сириската влада, минатиот месец беа избрикани од деловите во северна Сирија, во кои турската војска изврши инвазија.

Турција овие курдски милиции ги смета за терористички, кои сакаат да се издвојат во своја држава надвор од деловите на Турција, Сирија и Ирак.

Русија се согласи со Турција заеднички да патролираат на делови од северната сириска граница во обид да ја спречи Турција да продолжи со својата воена операција.

Сириските владини сили, сојузници на Русија, измиантиот период презедоа неколку области напуштени од курдските милиции, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија