Русија: Државниот обвинител бара 20 години затвор за Навални

Од:

Рускиот државен обвинител денеска побара опозицискиот политичар Алексеј Навални да биде осуден на 20 години затвор за формирање екстремистичка организација.

„Државниот обвинител побара Навални да биде прогласен за виновен по дел 3 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација (основање екстремистичка заедница и учество во неа), како и за финансирање екстремистички активности, јавни повици за екстремистички активности и побара тој да биде осуден на затворска казна од 20 години.

Адвокатот на Навални, Олга Михајлова изјави дека судот донел одлука пресудата да се објави на 4 август годинава, пренесува Тас. Навални отслужува вкупно 11,5 години во казнената колонија ИК-6 во Мелехов, околу 235 километри источно од Москва, поради измама и други обвиненија.

Неговите поддржувачи ја обвинија Москва дека се обидува да го скрши за да ја замолчи неговата критика кон рускиот претседател, што Кремљ го негира.

Тие, исто така, ги обвинија затворските власти дека не му пружиле на Навални соодветна медицинска нега и изразија загриженост за неговото здравје.

Од престојот во затвор, опозицискиот политичар поднесе бројни жалби против казнената колонија, а сите беа одбиени.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен