Рускиот омбудсман за детски права, Павел Астаков изјави денеска дека на американските семејства кои посвоиле руски деца пред стапување на сила на новиот руски закон, ќе им биде дозволено да ги однесат децата во САД.
Во декември лани Русија усвои закон според кој американски граѓани не може да посвојуваат деца, како одговор на американскиот закон за воведување санкции за Руси кои кршат човекови права.
Руски судови пресудија во корист на 52 американски семејства кои посвоиле деца пред стапување на сила на новиот закон.