Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска побара Франција да ги заштити претставништвата на Москва во државата, тврдејќи дека се случил напад во зграда, што ја користи руска владина агенција во Париз.
„Бараме француските власти да им овозможат соодветна безбедност на нашите официјални институции“, напиша Захарова на Телеграм.
Извор: МИА