Рубио: Веќе не ѝ даваме оружје и пари на Украина

Од:

Средбите одржани вчера во Вашингтон се првиот знак за можен пробив во тригодишната војна, оцени американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој ги нарече разговорите меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски, европските и НАТО лидери „голем момент“, пишува Ројтерс.

Во изјава за Фокс њуз, Рубио потврди дека клучните преговори „се движат напред“, но нагласи дека конкретните резултати ќе потраат повеќе време.

Оваа средба претставува најзначаен дипломатски напор во последните три години од конфликтот.

Кога беше прашан за безбедносните гаранции, чие вклучување на САД исто така вети Доналд Трамп, Рубио одговори дека Америка активно работи со сојузниците за да ја дефинира нивната точна форма. „Работиме на тоа токму сега“, рече тој.

Тој, исто така, ја истакна промената во пристапот кон воената помош.

„Украинците ни кажаа дека најсилната безбедносна гаранција што можат да ја замислат за нивната иднина е да имаат силна војска што се движи напред, а тоа е втората динамика што се промени“, објасни Рубио.

„Веќе не ѝ даваме оружје на Украина. Повеќе не ѝ даваме пари на Украина. Сега им продаваме оружје, а европските земји плаќаат за тоа преку НАТО. Тие го користат НАТО за да купат оружје и да го префрлат во Украина. Тоа е уште една голема промена во начинот на кој оваа војна се пристапуваше само за време на администрацијата на Бајден, на пример“, рече РУбио.

Како дел од безбедносните гаранции, Рубио го спомена и договорот за минерали што Украина го потпиша во февруари. Овој договор вклучува основање нов фонд за инвестирање во украински минерали, ретки земни метали и други вредни природни ресурси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир