Рубио им наредува на американските дипломати да не коментираат за странски избори

Од:

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, им нареди на американските дипломати да се воздржат од коментирање за фер изборите во други земји, како дел од новиот пристап на американската администрација за кој вели дека се фокусира на националниот суверенитет и стратешките интереси.

Во интерен документ на Стејт департментот испратен до сите американски дипломатски мисии, а кој денес го виде Ројтерс, се наведува дека САД повеќе нема да даваат изјави за странски избори, освен ако нема „јасен и убедлив интерес за надворешна политика“.

„Кога е соодветно да се коментира за странски избори, нашата порака треба да биде кратка, фокусирана на честитање на победничкиот кандидат и, каде што е соодветно, истакнување на заедничките интереси за надворешна политика“, се вели во документот, кој е означен како „чувствителен“, но не е класифициран.

Во упатството, исто така, се наведува дека пораките треба да избегнуваат осуди за легитимноста или интегритетот на изборниот процес на една земја или демократските вредности што ги застапува земјата, и дека сите изјави поврзани со изборите мора да доаѓаат директно од државниот секретар или официјален портпарол на Стејт департментот.

Документот се однесува на говорот на претседателот Доналд Трамп од Ријад на 13 мај, во кој американскиот претседател ги критикуваше она што ги нарече „западни интервенционисти“ кои им кажуваат на другите нации како да ги водат своите внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Рубио: Слободната пловидба низ Ормутскиот теснец е стратешки приоритет

Рубио: Не можете да го решите нуклеарното прашање за 72 часа на аголот од масата

А1он

Рубио: Потребен е „План Б“ ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец

Рубио: Кина и САД се согласуваат дека Ормутскиот теснец не смее да се милитаризира

ВИДЕО: Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на мрежите

Рубио: Денес очекуваме одговор од Иран на предлогот за прекин на војната

А1он