РСФ: Загрижувачки пад на медиумските слободи во светот

Од:

Почитувањето на медиумските слободи на регионално ниво, но и во целиот свет доживеа длабок и вознемирувачки пад, оценува организацијата Репортери без граници (РСФ).

Во најновиот извештај за слободата на медиумите, кој ќе биде објавен следната недела РСФ наведува дека сите индикатори укажуваат на пад на медиумските слободи од 2013 до 2016 година. 

Како основни причини за тоа РСФ меѓу останатото ги наведува зголемените авторитарни тенденции во земјите како Турција и Египет, поголемата контрола на владите врз државните медиуми, дури и во некои европски земји како што е Полска и се потешката безбедносна ситуација во повеќе земји, меѓу кои Либија и Бурунди или пак целосен хаос во некои од нив, како Јемен. 

– Опстанокот на независното известување е се понеизвесен, како во државните, така и во приватните медиуми поради заканите за идеологиите, особено верските, кои се непријателски настроени кон медиумските слободи, нагласува РСФ. 

Организацијата истакнува дека ширум светот олигарсите ги купуваат медиумите и вршат дополнителен притисок, кој веќе постои од страна на владите. 

Падот на медиумските слободи е регистриран на секој континент и додека во САД тој изнесува 20,5 отсто, во Европа и на Балканот е 6,5 отсто, се вели во извештајот. 

Од 2002 година РСФ објавува индекс на медиумски слободи во светот, проценувајќи го нивото на слобода кое го имаат новинарите во 180 земји врз основа на плурализмот, медумската независност, медиумското опкружување и самоцензурата, законодавниот амбиент, транспарентноста, инфраструктурата и злоупотребата.

Би можело да ве интересира

Акциски план на ОН за физичка и правна заштита на новинарите – десет години потоа

Ана Ололовска

Совет на Европа: Слободата на печатот е клучна во услови на криза

Ана Ололовска

Три четвртини од новинарките во светот биле жртви на закани и напади преку интернет

Жарко Настоски

ИФЈ: Во 2020 година се убиени 65 новинари и медиумски работници

Ана Ололовска

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Ана Ололовска

Комитет за заштита на новинарите: Во 2020 година уапсени рекордни 274 новинари

Катерина Ѓуровски