Ротман, Шекман и Зидоф добитници на Нобеловата награда за медицина

Од:

Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман и Германецот Томас Зидоф ја добија годинешната Нобелова награда за медицина или физиологија, за истражувањата поврзани со тоа како клетките го организираат својот преносен систем, соопшти денеска Институтот „Каролинска“ во Стокхолм.

– Преку своите истражувања Ротман, Шекман и Зидоф открија извонредно прецизен систем за контрола на преносот и испораката на клеточниот материјал, се наведува во образложението.

Нобеловиот комитет соопшти дека истражувањето на тројцата научници овозможило да се дознае „како пореметувањата при преносот на клеточниот материјал придонесуваат за развој на невролошките болести, дијабетисот и болестите на имунолошкиот систем“.

Паричната награда, која ќе ја поделат тројцата научници, изнесува 1,2 милиона долари. Наградата за медицина е прва во низата Нобелови награди кои ќе бидат доделени неделава. Во следните денови ќе бидат соопштени имињата на добитниците на Нобеловите награди за физика, за хемија, за економија, за литература и за мир.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска