Росавијација ја објави причината за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Од:

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, Росавијација, објави официјално соопштение во врска со падот на авионот АЗАЛ во Актау, пренесува руското биро АПА.

„Денеска, околу 9.30 часот по московско време, авион Embraer 190 на азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ се урна при слетување на казахстанскиот аеродром Актау, кој се наоѓа на источниот брег на Каспиското Море. Авионот летал од Баку за Грозни. Според прелиминарните информации, по судирот со јато птици, поради вонредна ситуација во авионот, капетанот на авионот решил да се пренасочи на алтернативен аеродром, избирајќи го Актау за дестинација. Операциите за пребарување и спасување ги вршат оперативните служби на Република Казахстан. Росавиација ја одржува комуникацијата со превозникот АЗАЛ, како и со воздухопловните власти на Азербејџан и Казахстан“, се вели во соопштението.

Патнички авион на „Азербејџан ерлајнс“ со 62 патници и 5 членови на екипажот денеска се урна во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, а падот го преживеаја најмалку 25 лица.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон