Ромпуј: Излегувањето на Британија од ЕУ скапо ќе чини

Од:

Плановите на Велика Британија да го редефинира односот со Европската Унија нема поддршка од другите лидери, а евентуално излегување на земјата од европскиот блок би можело скапо да чини, рече денеска претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј.

Тој, во говорот на еден форум во Лондон, оцени дека гласот на Велика Британија во однос на светските прашања ќе биде посилен ако остане во ЕУ, а евентуалното излегување на земјата од ЕУ го спореди со развод.

“Тоа би било законски и политички едно од најсложените и најнепрактични прашања. Само помислете на тоа како е да се разведеш после 40 години брак”, рече Ромпуј, објави агенцијата Франс прес.

Покрај тоа, тој истакна дека плановите на британскиот премиер Дејвид Камерон да ги преземе овластувањата на Брисел, а потоа членството во ЕУ да го изнесе на референдум до крајот на 2017 година, нема да влијае на другите европски лидери.

Претседателот на ЕУ рече дека Велика Британија нејзините интереси најдобро би ги претставувала залагајќи се за реформи во рамките на блокот.

“За да се слушне гласот на една земја каква што е Британија во светот, Европа не претставува пречка, туку мегафон”, рече Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина