Републиканскиот кандидат за претеседател на САД предизвика лавина од критики во медиумите со прашањето зошто не се отвораат прозорците на авионот?
Ромни кој зад себе има веќе една низа од гафови, во својот говор во Калифорнија се осврна на случајот со принудното слетување на авионот во кој беше неговата сопруга.
Неговата примедба дека авионските прозорци „ не можат да се отворат“ од страна на аналитичарите беше дочекана како атак на здравиот разум. На американските блогови и медиуми вчера вриеше од потсмев со кандидатот за претседател.
Работата малку се исправи откако новинарите кои беа со него почнаа да објаснуваат дека тој се шегувал, иако на другите тоа не им изгледаше баш така.
Ромни всушност го спомна инцидентот што се случи викендов, коа авионот во кој беше неговата сопруга мораше да слета поради помал пожар на инсталациите.
Тој рече дека сопругата многу подобро ќе се снајдела доколку можела да дише воздух надвор од авионот.