Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни, кој повеќе пати давал антируски изјави, вложувал во акции на руските корпорации Гаспром и Јандекс.
Како што покажуваат неговите даночни извештаи, минатата година Ромни купил повеќе од илјада акции од Гаспром и Јандекс.
Акциите од Гаспром се купени во март, а продадени во септември минатата година, пред Ромни да влезе во активната фаза на предизборната кампања.
Акциите од руската компанија Јандекс се купени во јуни, а продадени во август 2011-та година. И во двата случаи Ромни губел. Вредноста на акциите на Гаспром, минатата година падна за 9%.
Ромни во 2007-та година, кога прв пат се кандидираше за претседател на САД, тврдеше дека неговите инвестиции би требало да бидат во согласност со неговите политички уверувања, потсетува BBC.