Романските социјаладемократи освоија мнозинство, влада повторно ќе составувааат либералите

Од:

Романската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД) освои мнозинство на вчерашните парламентарни избори, пред се, на бранот на незадоволството на гласачите од пандемијата на коронавирусот, покажуваат денешните првични резултати на независната комисија „Шифра“.

Таа соопшти дека социјалдемократите освоиле 29,27 проценти од гласовите, а либералите на премиерот Лудовиќ Орбан 25,57 проценти, врз основа на 96 проценти од преброените гласови, но во оваа бројка не биле вклучени и 265.000 гласа од дијаспората.

Британските медиуми пренесуваат дека сојузот УСР-Плус, најверојатен коалициски партнер на либералите, доби 15,5 проценти од гласовите.

Следниот парламент најверојатно ќе има пет партии, вклучувајќи го и унгарското малцинство УДМР и новата партија, Алијансата за обединување на Романија, која се смета за ултранационалистичка група.

Актуелниот романски премиер Лудовико Орбан уште синоќа прогласи победа на неговата владеачка Национал-либерална партија на парламентарните избори.

Во Романија вчера се одржаа парламентарни избори, на кои право на глас имаа 18 милиони граѓани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген