Романскиот претседател предизвика сообраќајна несреќа

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску предизвика сообраќајна несреќа и ќе биде казнет со одземање на поени.

Претседателот возел „Дачиа Логан“, во сопственоста на државно обезбедување, кога удрил во автомобил што ненадејно закочил.

Во инцидентот нема повредени лица, а автомобилите претрпеле мала материјална штета, соопшти портпаролот на претседателот Богдан Опрја.

И во 2008 година Басеску предизвика слична сообраќајна несреќа кога удри во автомобил на обезбедувањето.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“