Романскиот претседател Јоханис ја прими наградата Карло Велики

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Ахен ја доби Меѓународната награда „Карло Велики“.

Јоханис ја доби престижната награда како „градител на мостови помеѓу Источна и Западна Европа“.

Наградата „Карло Велики“ се доделува на поединци или институции за нивниот придонес во европското единство.

Во својот говор, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оддаде почит на „методичкиот и принципиелен пристап“ на добитникот на наградата.

Романскиот претседател беше прогласен за победник уште во декември 2019 година, но церемонијата на доделување на наградата беше одложена речиси година и пол поради пандемијата на коронавирус.

Претходните лауреати, исто така, ја примија наградата во Градското собрание во Ахен.

Некои од претходните лауреати се германскиот социјалдемократски политичар и поранешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој се кандидираше за германски канцелар во 2017 година, претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, поранешната претседателка на Литванија, Далиа Грибаускаите и првоизбраниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски