Романскиот премиер подготвен да ја води следната влада

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта изјави синоќа дека е подготвен да ја води следната влада, откако анкетите од избирачките места укажаа дека неговата коалиција постигнала победа на парламентарните избори.

– Потврдувам она што го реков за време на изборната кампања, дека сум подготвен да ја водам следната влада, изјави Понта пред приврзаници во својата изборна единица.

Романската владејачка коалиција на лев центар УСЛ на премиерот Понта, врз основа на анкети од избирачките места добила 57 отсто гласови додека опозицијата во која се партии блиски на претседателот на државата Трајан Басеску, добиле само 19 отсто гласови.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“