Романската Влада одлучи да ја преструктуира „Романската пошта“

Од:

Романската Влада одлучи да ја преструктуира државата компанија „Романска пошта“, откако ниту еден од инвеститорите не сакаа да учествуваат на тендерот за нејзина приватизација.

Букурешт им вети на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија дека ќе ги приватизира државните компании, кои работат со загуба.

На почетокот на неделата истече крајниот рок за доставување на понудите за приватизација на „Романската пошта“, но се покажа дека ниту еден инвеститор не е заинтересиран.

Компанијата должи во државниот буџет околу 56 милиони евра. Седумдесет и пет проценти од неа се во сопственост на романската држава, а 25 отсто на фондот „Сопственост“.

„Романската пошта“ е најголемиот оператор во секторот со територијална мрежа од околу 5.600 поштенски филијали.

Владата на вчерашната седница одлучи да ја преструктуира компанијата во период од 180 дена, а нагласи дека понудите за нејзина приватизација ќе можат да бидат доставени до 30 јуни 2014 година.

Овој рок може да се помести доколкусе констатира дека поштенскиот оператор станал атрактивен по реорганизацијата.

„Романска пошта“ ќе отпушти од работа од почетокот на јули 4.458 работници, кои претставуваат 14 отсто од вкупниот број на вработени.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“