Романската Влада купува таблети за 250.000 ученици кои не можат да си ги дозволат

Од:

Романската Влада денеска усвои одлука за издвојување на 150 милиони леи (31 милиони евра) од владините резерви за купување на околу 250.000 таблети со пристап до Интернет за ученици кои не можат да си дозволат таков апарат, соопшти шефот на Кабинетот Јонел Данка.

Тој објасни дека таблетите ќе бидат поделени на ученици кои не се во можност да учествуваат во онлајн наставата, која беше воведена во март поради епидемијата на Ковид-19.

Министерката за образование Моника Анисие изјави дека побарала од училишните инспекторати да ги централизираат податоците за учениците кои немаат неопходна опрема за да учествуваат во учење преку Интернет. Според собраните податоци, станува збор за 250.000 ученици, информира таа.

– Со набавката на електронските уреди ќе се олесни учењето на далечина за децата во неповолна положба, рече министерката.

Училиштата во Романија беа затворени на 11 март, а романскиот претседател Клаус Јоханис минатиот месец соопшти дека нема да бидат отворени до крајот на учебната година.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски