Романија забрани собирање лични податоци на корисниците на интернетoт и телефонијата

Од:

Уставниот суд на Романија реши дека земањето лични податоци од корисниците на интернет и на мобилната и фиксната телефонија е во спротивност на романскиот Устав.

Уставните судии едногласно го прогласија за противуставен делот од Закон за заштита на личните податоци, кој се однесува на можнсота за собирање лични податоци од страна на провајдерите за електoрнски комуникации.

Решението на судот е конечнп и задолжително за сите државни органи.

Претседателот на Романија на 12 јуни потпиша декрет за стапување во сила на законскиот акт, кој беше наречен „Закон на Големиот брат“, во кој стои дека податоците кои ќе бидат земени од корисниците задолжително ќе бидат депонирани до надлежните органи.

Со овој закон се озвоможуваше проверка и на содржината од електронската пошта, броевите, адресите, телефонските разговори и сите лични податоци на корисниците. Властите образложуваа дека овој закон е донесен за да се засили борбата против организираниот криминал и тероризмот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година