Романија: Гица е ставен на листата на „најбарани“ лица од Европол

Од:

Поранешниот романски пратеник Себастиан Гица, кој исчезна кон средината на декември минатата година, е ставен на списокот на „најбарани“ лица од Европол.

Тој е единствениот човек, кој е баран од страна на европската полиција за корупција, пишува весникот „Бурса“.

Себастиан Гица, поранешниот пратеник на Социјалдемократската партија, бизнисмен и близок соработник на поранешниот романски премиер Виктор Понта не се појави на распит во Националната дирекција за борба со корупција во врска со корупциско дело, а потоа на 5 јануари по него беше издадена национална потерница.

Делото е поврзано со финансирање на предизборната посета на поранешниот британски премиер Тони Блер во Романија во 2012 година, по што Виктор Понта е обвинет дека земал преку посредници 220.000 евра од бизнисменот Себастиан Гица, за да му обезбеди изборна позиција во листата на романската Социјалдемократска партија на парламентарните избори следната година.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Земјотрес ја погоди Романија