Романија договори трипартитна влада на десниот центар

Од:

Три романски десноцентристички проевропски партии вчера потпишаа договор за формирање нова влада, што ќе ја предводи актуелниот министер за финансии, Флорин Циту (48), по изборите што се оддржаа на 6 декември.

Лудовик Орбан, лидерот на владеачките либерали (НЛП), изјави дека сакаат Романија што побрзо да добие влада што ќе ги спроведува реформите и ќе ја модернизира земјата.

-Сигурен сум дека тоа ќе биде стабилна влада … посветена на интересите на граѓаните, рече Циту, кој по професија е економист, а докторирал во САД.

Претседателот Клаус Јоханис денеска и официјално ќе го назначи Циту за мандатар, за тој до крајот на годината да може да побара доверба во парламентот.

Новата влада се соочува со низа предизвици – почеток на вакцинацијата против коронавирус, усвојување на буџетот за следната година, реформи за раздвижување на економијата.

Либералите и нивните сојузници, УСР-Плус и унгарската малцинска партија УДМР, имаат вкупно 244 места од вкупно 465. Тие, исто така, имаат поддршка од 18 малцински претставници.

Опозициските социјалдемократи ги добија изборите со тесно мнозинство, но немаа сојузници со кои би коалицирале, па мораа да им ја предадат власта на десноцентристичките партии.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски