Роман Головченко нов премиер на Белорусија

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го назначи Роман Головченко за нов премиер на земјата, јави агенцијата БелТа.

Според шефот на државата, кој неодамна предупреди на претстојните промени во владата, ова не е невообичаено, туку „природен процес“.

Лукашенко вчера потпиша указ со кој ја распушти целата влада.

На 25 мај, Лукашенко ги објави плановите за смена на владата пред претседателските избори на 9 август. Тој е на власт од 1994 година и се очекува да освои шести мандат.

Според информациите на интернет порталот Tut.by, тој изјавил дека ќе назначи вршители на должност, а по изборите, доколку кабинетот работи добро, тој ќе го одобри.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина