Русија го продолжи рокот за прелиминарната истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 20 април, изјави директорот на неговата Фондација за борба против корупцијата, Иван Жданов.
Тој на својот канал Телеграм додаде дека „тоа значи дека сè уште нема официјални информации од државата за причината за смртта, односно убиството“, пренесува Асошиејтед прес.
Навални почина на 16 февруари во казнено-поправна колонија во Арктичкиот круг, на поларниот Урал, а според неговите сојузници, на мајка му и е покажано лекарско уверение дека починал од природна смрт.