Рокот на важност на сертификатот за вакцинација во Франција се намалува од седум на четири месеци

Од:

Почнувајќи од денеска рокот на важност на потврдата за вакцинација против Ковид-19, издадена во Франција, се намалува од седум на четири месеци, јавува француската телевизија BFMTV.

Тоа значи дека оние кои првично се вакцинирани против Ковид-19 треба да добијат засилувачка доза најмалку четири месеци по првите две дози. Досега, периодот меѓу првите две дози и дополнителната беше седум месеци.

Се намалува рокот и за оние кои се заразиле, а потоа примиле една доза од вакцината, како и за оние кои примиле една доза од вакцината, а потоа се заразиле. Исклучок е за возрасната група 16-17 години, која не мора да става трета доза за да ја задржи важноста на потврдата за вакцинација.

Оние кои прележале Ковид-19 по примени две дози вакцина, исто така, се ослободени од дополнителна доза.

Се проценува дека меѓу четири и 4,5 милиони луѓе во земјата денес можат да ја изгубат важноста на сертификатот за вакцинација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето