Пред почетокот на погребот на Алексеј Навални, повеќе од 1.000 луѓе се собраа денеска во црквата на Богородица, во московскиот кварт Марино, каде некогаш живееше рускиот опозиционер, за да се простат од него, пренесува Ројтерс.
По богослужбата, Навални треба да биде погребан на гробиштата Борисов.
Настанот се одвива во услови на зголемено полициско присуство, пренесува британската агенција.