Рохани: Во Иран има веројатно 25 милиони заразени со новиот коронавирус

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиско обраќање денеска нагласи дека според здравствените власти, 25 милиони Иранци се заразени со новиот коронавирус и околу 35 милиони се изложени на ризик од инфекција.

Бројките, за кои Рохани тврди дека се засноваат на нов извештај од Министерството за здравство, се многу повисоки од досега потврдените случаи на коронавирус – 269.440.

Рохани не објасни за таа разлика во своето телевизиско обраќање.

Иран, со население од околу 80 милиони, е најтешко погодената земја на Блискиот исток во пандемијата на Ковид-19.

„Нашите проценки се дека 25 милиони Иранци сега се заразени со коронавирусот, а околу 14.000 го загубија животот“, рече Рохани, додавајќи дека веруваат дека меѓу 30 и 35 милиони луѓе се изложени на ризик од инфекција.

Рохани исто така објави дека повеќе од 200.000 луѓе се хоспитализирани во државата

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава