Иранскиот претседател Хасан Рохани смета дека е можен договор со Запад, со кој ќе биде овозможено државата да го збогатува ураниумот, а да не произведува нуклеарно оружје.
Во едно интервју пред четири месеци тој наведе дека во текот на својот мандат ќе се труди да ги убеди САД и нејзините сојузници дека дијалогот, а не санкциите се патот кој води напред, пренесе „Асошиејтед прес“.
-Секогаш му зборувавме на Запад дека сме подготвени за изградба на доверба –рече Рохани.
Коментирајќи го прашањето за застој на нуклеарните преговори помеѓу Иран и шестте светски сили, Рохани призна дека никакви практични резултати не се постигнати.
-Шестте светски сили (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина ) треба да соработуваат со Нуклеарната агенција на Обединетите нации, за изработка на формули, истакна Рохани.
Елена Георгиевска