Рохани се заложи за повеќе академска слобода во Иран

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска изјави дека властите не треба да ја ограничуваат академската слобода, туку на иранските научници да им овозможат повеќе можности за учество на меѓународни конференции, пренесоа американските медиуми.

Според иранските медиуми, ова е една од најострите изјави на неодамна избраниот претседател против ограничувањата во јавниот живот, наметнати од конзервативните сили во земјата.

Рохани веќе се изјасни за укинување на ограничувањата во достапот до Интернет и ја повика полицијата да престане да ги прогонува прекршителите на строгиот исламски канон за облеката на жените.

Во говорот пред студенти и професори од Техеранскиот универзитет претседателот на Иран за „срамен“ го прогласи фактот дека некои групи во општеството се стремат да ги ограничат отворените академски ставови. Тој ги повика властите да не им пречат на научниците да учествуваат на меѓународни настани, кои ги оцени како „научна дипломатија“.

Во последните години голем број студентски активисти и професори беа исклучени од иранските универзитети под притисок на тврдолинијците во земјата, меѓу кои доминираат претставници на елитниот воен корпус на Гарадата на Исламската револуција.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он