Рохани: САД да го признаат правото на Иран на нуклеарна енергија

Од:

САД мораат да ги признаат сите права на Иран, вклучително и правото на нуклеарна енергија, изјави денеска Хасан Рохани, на првата прес конференција откако беше избран за претседател на Иран.


– Секој дијалог со САД мора да биде врз основа на рамноправност и взаемна почит со одредени услови. САД не треба да се мешаат во нашите внатрешни работи, треба да ги признаат правата на Иран, вклучително и правата во областа на нуклеарната енергија, како и да престанат со унилатералната политика и притисоците, изјави Рохани.


Според Рохани новата иранска Влада нема да се одрече од своите легитимни државни права.


САД, Израел и Западните земји се сомневаат дека иранската нуклеарна програма има за цел развој на нуклеарно оружје, додека Иран тврди дека програмата е за мирни цели, како што е производство на електрична енергија и медицински употреби.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он