Рохани: Ништо не може да го уништи пријателството меѓу Иран и Сирија

Од:

Иран нема да ја промени својата политика на сојузништво со Сирија, изјави денеска новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани во обраќањето на свечената церемонија со која официјално ја презеде претседателската функција.


– Ниту една сила во светот нема да ги разниша цврстите, стратешки и историски односи што пријателски ги поврзуваат двете земји, изјави Рохани пред присутните на церемонијата, меѓу кои беше и сирискиот премиер Ваел ал Халки.


Рохани порача дека сириско-иранските односи се базираат „на разбирање и заедничка судбина“ и вети дека Иран ќе ја продолжи поддршката на „народот и Владата на Сирија“ во напорите за повторно воспоставување на стабилност, во соочувањето со предизвиците и во спроведувањето на реформите и пронаоѓањето мирно решение за кризата.


Сојузништвото меѓу Иран и Сирија датира уште од 1980 година кога Дамаск застана на страната на Техеран за време на Иранско-ирачката војна.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он