Владата на Иран, никогаш нема да работи на развој на нуклеарното оружје, изјави иранскиот претседател, Хасан Рохани.
Во интервју за американската „Ен би си“, тој од претседателскиот комплекс во Техеран, рече дека ги има сите овластувања за разговори со Запад, поврзани со иранската нуклеарна програма.
Рохани додаде дека писмото кое што неодамна го доби од американскиот претседател Барак Обама е „позитивно и конструктивно“.
Иранскиот претседател на тој начин предупреди дека би можел да тежнее кон заладување на односите на Иран со Запад, поради безизлезната состојба, околу нуклеарната програма, оценува британската агенција.
Претставник на Белата куќа, Џејмс Карни рече дека американскиот претседател Обама му упатил писмо на Рохани со добри предлози.
-Во писмото претседателот укажа на подготвеноста на САД да го реши проблемот со давање можност на Иран да покаже дека неговиот нуклеарен програм има мирољубива цел – рече Карни.
Елена Георгиевска