Рохани: Иран не сака војна со ниту една земја

Од:

Иран не сака војна со ниту една земја, вклучувајќи го и Израел, уверува новиот ирански претседател Хасан Рохани, во вториот дел од интервјуто за американската телевизија Ен-Би-Си, емитувано денеска.

Тој нагласи дека Иран сака „мир и пријателство меѓу државите на Блискиот Исток“.

Ставот на новиот ирански претседател, кој се смета за умерен реформист, е во спротивност со воинствените ставови и изјави на неговиот претходник, тврдокорниот конзервативец Махмуд Ахмадинеџад, кој повеќепати повикуваше на уништувањето на Израел.

Рохани се изјасни и за целосна слобода на иранските граѓани во нивниот личен живот. – Иранците треба да имаат слобода на мислата, на говорот и да пребаруваат информации на Интернет, рече Рохани.

Тој соопшти дека во блиска иднина во Иран ќе биде формирана комисија за правата на граѓаните.

Во првиот дел од интервјуто, што беше емитувано вчера, Рохани уверуваше дека Иран никогаш нема да произведе нуклеарно оружје и дека тој ги има сите надлежности да договори нуклеарна спогодба со Западот.

Новиот ирански претседател забележа дека тонот на писмото што го доби од својот американски колега Барак Обама при нивната неодамнешна кореспонденција, бил позитивен и конструктивен.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он