Рохани го искритикува популизмот на претходникот Ахмадинеџад

Од:

Новиот ирански претседател Хасан Рохани денеска ги искритикува, според него, популистичките надворешнополитички изјави на својот претходник Махмуд Ахмадинеџад, пренесе ДПА.


Дури и малите грешки можат скапо да го чинат Иран, предупреди Рохани на церемонијата на стапување на должност на новиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.


Тој ги повика претставниците на иранските власти внимателно да размислат пред да даваат изјави во областа на надворешната политика.


Рохани забележа дека на претседателските избори, на кои тој победи, Иранците јасно дале до знаење дека сакаат нова надворешна политика.


Претходно овој месец новиот ирански претседател на својата прва прес конференција, откако стапи на должност, изјави дека е подготвен да ја смири соодветната загриженост на меѓународната заедница за нуклеарната програма на земјата.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он