Родриго Чавез победи на претседателските избори во Костарика

Од:

Економистот конзервативец Родриго Чавез победи на вчерашните претседателски избори во Костарика, благодарение на отфрлањето на традиционалните политики од страна на гласачите наспроти растечкото социјално незадоволство и загриженоста за јавниот долг.

Се очекува 60-годишниот Чавез, долгогодишен функционер на Светска банка, да собере 52,9 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати од вториот круг дадени од Врховниот изборен суд. Неговиот центристички ривал и поранешен претседател на таа држава, Хозе Марија Фигерес, најверојатно добива 47,1 отсто од гласовите, според прелиминарните податоци. Фигуерес (67) брзо го призна поразот откако ги објави првите резултати.

„Му честитам на Родриго Чавез и му посакувам се најдобро“, изјави Фигуерес пред приврзаниците во Сан Хозе. Анкетите покажуваа дека Чавез има мала предност пред Фигерес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Див ѕвер уби момче кое ловеше риби пред родителите: „Гледавме како му ја отсекува главата“

Ана Ололовска

Силен земјотрес во Костарика

Горан Наумовски

Од радарите исчезна авионот со пет германски државјани кај Костарика

Костарика: Авион се преполови при слетување

Катерина Ѓуровски

Земјотрес од шест степени на Костарика

Ана Ололовска

Во Костарика запленети повеќе од пет тони кокаин

Ана Ололовска