Куба се надева дека следната година ќе ги подобри односите со САД, изјави шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез.
– Се надеваме дека во 2016 година односите со САД ќе бележат напредок, ако се укине економската блокада и ако се вратат териториите, кои Вашингтон незаконски ги присвои во Гвантанамо, истакна Родригез.
Тој додаде дека независно од напредокот во дијалогот и соработката со САД, „трговската, економската и финансиската блокада на Вашингтон кон Хавана не е променета и потребно е да се мобилизираат меѓународни напори за нејзино укинување“.
Родригез блокадата ја оцени како апсурдна.