Се уште не е познато кога би можел да се одржи телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Засега нема договор за ова, немаме сознанија за тоа“, рече Рјабков, пренесе РИА.
Рјабков посочи дека допрва треба да се воспостават директни контакти меѓу двете администрации и дека единствената комуникација моментално се одвива преку руската амбасада во САД.