Евентуалното нуклеарно оружје во Полска ќе биде воена цел за Русија

Од:

Евентуалното трајно распоредување на нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во изјава за агенцијата Тасс, тој изјави дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.

Полскиот претседател Анджеј Дуда неодамна изјави дека полските власти се подготвени да примат американско нуклеарно оружје на нивна територија.

„Сите политичари кои зборуваат за таква опција во и надвор од Полска треба да знаат дека каков било чекор во таа насока нема да придонесе за безбедноста на Полска и соодветните објекти неизбежно ќе бидат цел“, рече Рјабков.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Поставувањето нуклеарно оружје во вселената е технички неисплатливо

Горан Наумовски

Русија испрати предупредување до САД

Горан Наумовски