Рјабков: Русија чека прогласување на конечните резултати во САД

Од:

Русија чека објавување на конечните резултати од изборите во САД, а сите протоколарни чекори пред тоа би биле предвремени, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Ние строго се придржуваме до сите внатрешни процедури што постојат во САД. Резултатите од изборите сè уште не се објавени. Според тоа, веруваме дека сите протоколарни чекори во врска со изборите во овој момент ќе бидат предвремени, рече Рјабков.

Претседателските избори во САД се одржаа на 3 ноември, а резултатите покажуваат дека победи демократот Џо Бајден. Актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека имало неправилности во пребројувањето на гласовите во клучните земји, поради што поднесе жалба до Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба