Рјабков: Нема смисла сега да се зборува за самит Русија-Украина-САД

Од:

Додека Киев не даде разумен одговор на предлозите на руската страна, прерано е да се зборува за одржување самит во формат на трилатерален состанок меѓу Русија, Украина и САД, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Ако нема здрав, трезен, разумен одговор на овие наши сигнали, тогаш има уште помалку причини да се зборува за некаков трилатерален формат“, нагласи Рјабков, според ТАСС. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин претходно кажал „исцрпно сè што било потребно во врска со контактите со украинскиот претседател Володимир Зеленски“.

На прес-конференција по посетата на Кина на почетокот на септември, Путин рече дека е подготвен да го покани Зеленски во Москва доколку вториот е подготвен за средба.

Украинскиот претседател ја отфрли понудата за време на прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон, објави агенцијата.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија