Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави денеска дека не слушнал за евентуална посета американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Москва.
Според западните медиуми, Тилерсон планирал да не присуствува следниот месец на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, со цел да остане во Вашингтон поради посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг, а потоа да отпатува за Русија.
– Не знам ништо за посетата на американскиот државен секретар на Москва, истакна Рјабков.