А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Рјабков: Нападите на Украина не го загрозија нуклеарниот потенцијал на Русија

by А1он11/06/2025 - 10:44495
Share0

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека неодамнешните украински напади врз руските аеродроми не предизвикале значителна штета на нуклеарниот потенцијал на земјата и дека стратешкиот капацитет за одвраќање кон Соединетите Американски Држави останал непроменет.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Американскиот, како и рускиот, нуклеарен потенцијал за одвраќање не претрпел никаква значителна штета. Размерот на последиците од овој напад од страна на Киев намерно се преувеличува“, изјави Рјабков за новинарите во Сочи, објави Интерфакс.

Тој објасни дека дел од оштетената опрема веќе бил закажан за поправка и не бил целосно поврзан со платформите опфатени со Договорот за стратешко намалување на оружјето (СТАРТ), кој останува референтна рамка во областа на контролата на оружјето – иако Русија го суспендираше своето учество.

„Одредени системи можат да се класифицираат како дел од стратешката авијација, но други не спаѓаат под дефиницијата за тешки бомбардери според СТАРТ“, рече Рјабков.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој посебно нагласи дека нападите не се само израз на „неодговорно однесување на криминалниот режим во Киев“, туку и манифестација на презир кон земјите што ја поддржуваат Украина, вклучително и оние што, според него, имаат капацитети да вршат извидување и да пренесуваат информации во реално време.

„Овие држави свесно го тестираа нашето трпение и ги поткопаа самите темели на концептот на нуклеарно одвраќање – не само со тоа што му попуштија на режимот во Киев, туку и со тоа што му снабдуваа чувствителни воени информации“, рече Рјабков.

Тој нагласи дека недостатокот на одговор од Вашингтон и Лондон на руските барања за запирање на оваа практика е „признание за нивна вмешаност“.

„Ваквите потези, иако во моментов не доведоа до директна ескалација, хипотетички би можеле да доведат до сериозна конфронтација меѓу нуклеарните сили ако продолжат“, предупреди Рјабков, пренесува Танјуг.

rusijasergej rjbakovukraina

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Горан Наумовски10/11/2026 - 21:57

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Горан Наумовски10/11/2026 - 20:57

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Горан Наумовски10/11/2026 - 19:52

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Горан Наумовски10/11/2026 - 17:49

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Горан Наумовски10/11/2026 - 17:17

Русија ѝ се закани на Австрија

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 09:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео