Рјабков: Москва има повремени контакти со венецуелската опозиција

Од:

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, изјави дека Москва има контакти со венецуелската опозиција во формат „разбирлив“ за претседателот на државата Николас Мадуро, јави агенцијата Анадолија.

– Русија не се воздржува од никаков контакт бидејќи размената на информации ја смета корисна за секого, изјави Рјабков за државната новинска агенција „РИА новости“ и додаде дека „постојат контакти со цел размена на информации и донесување, од прва рака, на ставови и пристапи кои веќе се разработени“.

– Но, ова не е паралелен канал, ова не е постојан дијалог, тоа е повремено, би рекол епизодна комуникација, ништо повеќе, нагласи тој.

Тој информира дека контакти меѓу Русиja и САД во врска со венецуелското прашање не се планирани, бидејќи нивните ставови се премногу различни.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски