Рио де Жанеиро на листата на УНЕСКО

Од:

Најновиот заштитен град, ставен на листата на УНЕСКО е Рио де Жанеиро, поради уникатниот спој на преубавата природата и урбаната архитектура.

Секторот на Обединетите нации за образование, наука и култура посочи некои градски населби, како што се плажата на Копакабана, планината „Pão de Açúcar“ и статуата на Исус Христос како едни од најспецифичните места кои вредат да бидат забележани, како и националниот парк „Тужика“ една од најглемите шуми во светот што се наоѓа во градска средина. На оваа листа се наоѓа и ботаничката градина направена за време на португалската колонизација 1808 година.

УНЕСКО наведе дека овие елементи придонеле во „спектакуларниот град“ да се развие култура на живот на отворено.

Некои делови од градот се добро сочувани, но некои се многу загадени. УНЕСКО изрази верување дека со тоа што го стави Рио де Жанеиро под своја заштота ќе помогне во подобрувањето на условите во овие области и ќе го зачува градот „инспирација за голем број музичари, архитекти и уметници“.

 

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ