Рибар проголтан од крокодил? Бизарен случај во Австралија, потрагата уште трае

Од:

Спасувачите се обидуваат да го пронајдат исчезнатиот австралиски рибар, за кој се стравува дека бил фатен од крокодил, одвлечен во реката и проголтан, објави „Дејли мејл“, а пренесува Танјуг.

Еден човек ловел риба на брегот на реката Кенеди на крајниот север на австралиската држава Квинсленд во петокот околу 17.30 часот, кога околните кампери слушнале врисок од правец на реката. Полицијата и спасувачките служби започнаа масовна потрага, користејќи спасувачки хеликоптер кој пристигна од далечина од 400 километри.

Властите ја пребаруваат и областа каде тој ловел риба, но велат дека нема траги од исчезнатиот риболовец. Потрагата ќе продолжи вечерва, а утре наутро ќе се приклучат и државните спасувачки служби.

Пред три недели, крокодил нападна маж во Куктаун, исто така во северен Квинсленд. Крокодилот се закачил за 36-годишен маж, кој успеал да побегне.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски