Републиканците во Охајо избираат кандидат за сенатор во Конгресот на САД

Од:

Републканците во Охајо водат кампања за номинација на кандидат за избор на сенатор во Сенатот на САД во која учествуваат петмина републиканци, кои синоќа во Кливленд оддржаа дебата.

На дебатата, кандидатите се обратија на низа теми од домашната и надворешната политика, како инвазијата на Русија во Украина, образовните програми во државата и улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп во Републиканската партија.

Двајца од кандидатите, Џош Мандел и Мајк Гибонс расправаа за недоразбирањето што меѓу нив изби на претходен форум. Во врска со војната, тие повикаа на воспоставување зона за забранети летови над Украина.

Победникот во првичните избори ќе биде кандидат на републиканците од Охајо на изборите за во американскиот Конгрес годинава во ноември. Сенатското место ќе остане испразнето по пензинирањето годинава на републиканскиот сентор Роб Портман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“